вторник, 16 април 2024
Време

Облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално, особено попладне, врнежите ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и услови за ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 9 до 23 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ