По вчерашната лидерска средба

Левица ќе поднесе кривична пријава против Заев поради предлогот за името

Политичката партија Левица ќе поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев поради последниот предлог за името кој Заев и официјално го потврди вчера по завршување на лидерската средба. 

Од партијата најавува дека утре со почеток во 11 часот ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Основното јавно обвинителство – Скопје, на која ќе ги објасни причините за поднесување на кривичната пријава против претседателот на Владата, Зоран Заев за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ – „загрозување на независноста".

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија" за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање", најавуваат од Левица.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе