Левица ја оспори двојазичноста на полициските униформи

Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата воведува двојазичност на униформите на полицијата.

„Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција. Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива која ја поднесовме до Уставниот суд", изјави Реџеп Исмаил - Хактан, член на Президиумот на Левица.

Според Левица ова е „уште едно деградрање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет"

„Практично, Владата не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет. Практично, сите лажни ветувања на владата за 'европеизација', тука паѓаат во вода ", рече Реџеп Исмаил - Хактан.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе