Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

Политичката партија Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд со која ја спори уставноста на донесениот и прогласен Закон за попис и наведе неколку основи за претставката.

„Сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело ‘Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија‘, како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите“, објави претседателот на партијата Димитар Апасиев.

Вториот основ по кој што го спорат овој закон, како што вели, е тоа што тој е спротивен на задолжителните норми на меѓунарното право и на стандардите на Еуростат.

„Имено, со цел да се шверцува во собраниска процедура му беше ставено европско знаменце, но сите пет ЕУ регулативи кои се наведени, во суштина се лажно фингирани. Нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население.

Трето, сметаме дека е спротивно на неповредливоста на домот и ја повредува приватноста гарантирана во Европската конвенција за човекови права, со тоа што дава можност да се даваат лични податоци кои се законски заштитени за отсутен член на домаќинството.

Четвртиот основ по кој што го спориме овој закон е владеењето на правото“, рече Апасиев.

Според Левица, Законот за попис е во директна колизија со три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент, кој е веќе покренат.

„До 30-ти јуни имаме прогласено кризна состојба и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис. Тие закони се: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување“, соопшти Апасиев по предавањето на претставката.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе