ПО ПРИВЕДУВАЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ

Левица: Домашен притвор за нашите членови

Иако пред малку известивме дека нашите двајца членови кои беа приведени денес се пуштени, ним сепак им е одредена мерка куќен притвор. Нема правда, нема мир!, соопштија од партијата Левица. 

Дека на Здравко Савески и Владимир Куновски им е одредена мерка куќен притвор потврдија и од движењето „Протестирам“.

Од Основниот суд засега нема соопштение и потврда. Неофицијално се уште се чекаат решението на судијата на претходна постапка кој е надлежен за предметот.

Од МВР попладнево рекоа дека членот на Президиумот на Левица, Златко Савески, се товари дека кривичното дело го извршил на тој начин што на 13 април влегол во демолираната Народна канцеларија на претседателот заедно со дел од толпата, запалил фотографија од Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон канцеларијата.

За Куновски, пак, рекоа дека кривичното дело го извршил на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Двајцата се пријавени поради основи на сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ.

Реакции за притворот стигнаа од повеќе партии и организации, а сопартијците од Левица сметаат дека апсењето на Савески е отворен прогон кон политичките неистомисленици и претставува обид да се исплашат луѓето кои учествуваат и ги поддржуваат масовните протести на движењето „Протестирам“. Нагласија дека со притворањето се создава контраефект, односно ги стимулира за уште помасовни протест. 

Б.Ш.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе