Левица бара итно распуштање на Собранието

Левица изразува револт и најостра осуда на процесот на усвојување на уставните измени. Од таму додаваат дека Власта целосно се делегитимира во очите на граѓаните и дека ништо што било ветено, не е исполнето.

„Распишаа против-уставен референдум со манипулативно прашање. Полнеа кутии. Не го почитуваа резултатот на референдумот. Амнестираа пратеници за да им ги гласаат уставните измени. Направија политички дил за да избега Никола Груевски. Го променија Кривичниот законик за да спасат осудени лица од затвор и за себеси да си ги олеснат идните злоупотреби на власта. Неодлучноста, пасивноста на ВМРО - ДПМНЕ во текот на целиот процес и ставањето на тацна на своите пратеници да бидат уценувани и купувани во собраниските канцеларии е уште еден показател дека уставните измени беа изгласани во дослух меѓу партиите од власта и најголемата опозициона партија. Граѓаните немаат свои преставници во Собранието кои ќе се спротистават на газењето на демократијата, на правната држава и газењето на правото на самоопределување", се вели во реакцијата на Левица.

„Власта целосно се делегитимира во очите на граѓаните. Ништо што ветија на изборите не исполнија. Во безброј наврати премиерот го лажеше сопствениот народ, едно зборувајќи, правејќи го токму спротивното. Продолжија со коруптивното и клиентелистичко владеење, полнејќи ги институциите со партиски војници, шурувајќи со крупниот капитал, осиромашувајќи го народот. За такво владеење - не ги добија гласовите на изборите", дополнуваат од Левица.

Поради сето ова, Левица бара од власта под итно да го распушти Собранието и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Ако сметате дека ја уживате поддршката на граѓаните за силувањето на демократијата, за силувањето на правната држава, за коруптивното владеење, распишете предвремени парламентарни избори.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе