Македонија-НАТО

Летонија го усвои законот за ратификација на протоколот за НАТО, Владата на Естонија го одобри

Парламентот на Летонија денеска го усвои нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Македонија кон Алијансата.

„НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност”, изјавил Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима.

Во меѓувреме, денеска, Владата на Естонија го одобри протоколот за членство на земјава во НАТО, на предлог на естонското Министерство за надворешни работи, соопштил портпарол на естонската Влада. 

Наредна фаза е протоколот да биде ратификуван во Парламентот на Естонија. 

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе