Лекарска комора по објавата за боледувањето за Јанева: Никој не смее да објавува дијагнози во јавноста на пациенти

Никој не смее да објавува дијагнози во јавноста на пациенти, вели претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, во изјава за „А1 он", откако пратеникот Антонио Милошоски ја објави, а некои од порталите ја пренесоа дијагнозата од лекарското боледување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Претседателката на Комората не ја видела објавата, но смета дека тоа е недозволено.

„Има Закон за заштита на правата на пациентите и Закон за заштита на личните податоци. Тоа не смее така да се објави. Никој не смее да мавта јавно со дијагноза туку така“, вели Гривчева-Старделова и додава дека една дијагноза не значи дека тоа е слика за целосната здравствена состојба на пациентот.

Во Лекарската комора има посебна комисија за стручен надзор, која постапува по претставки на институции и граѓани, но за случаите да бидат ставени на дневен ред за одлучување, мора да има барање, вели претседателката на лекарскиот еснаф.

„За стручен надзор, комисијата работи на барање на судовите, на семејства на пациенти...“, смета Гривчева Старделова.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе