ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: Со уште поголема излезност во вториот круг да ја победиме хунтата на Заев

За 20 до 25 отсто од гласачите не се совпаднаа податоците откако со новите апарати не се успеа да им се земе отисок на прст. Дополнително ќе се направат анализи за тоа дали ова со уредите за отпечатоци на прсти влијаеше на излезноста. Сите информации кои ќе стасаат до нас веднаш ќе ги споделиме со јавноста, изјави вечерва Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што досега го видовме е енергијата која ја видовме од граќаните. Видовме граѓани кои дадоа поддршка и кои кажаа дека сакаат промени. Се надеваме дека ќе има промени и дека конечно, со уште поголема излезност во вториот круг конечно ќе се ослободиме од хунтата на Заев.

Лефков зборуваше за тоа дека во текот на вчерашниот и завчерашниот ден забележаа кршење на изборниот молк, заплашувања, притисоци и уцени од страна на носители на јавни функции, поедини министри, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид, во делови на Скопје, брутален физички инцидент на напад врз новинар и медиумски работници во Прилеп, бугарски воз, полнење на кутии во Сарај... Демократијата во Македонија ја загрозува Зоран Заев, неговата лакомост по пари и фотелја, ништо повеќе од тоа, рече Лефков.

 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе