ВМРО-ДПМНЕ за полагањето испити преку „софтверот на Рашковски“

Лефков: Обвинителството да ги повика на распит сите што положиле за судија и за обвинител

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да ги повика на распит сите што го положиле испитот за судии и јавни обвинители имајќи предвид дека според медиумите, софтверот на Академијата за судии и јавни обвинители е одржуван од страна на фирмата „Инвока", поврзана со осомничениот поранешен генерален секретар на Владата Драги Рашковски, изјави на прес конференција пратеникот Миле Лефоков. „Прашањата, софтверот и серверот за прашањата за испитот се на релацијата Рашковски – Инвока“, вели Лефков.

„Јавниот обвинител мора да преземе мерки, да се повикаат на распит сите кои го положиле испитот и да се разгледа можноста за неговото поништување или повторно полагање. Не може судии и обвинители да бидат плод на криминал и местенки“, рече Лефоков.

Тој додаде дека при претресот на канцеларијата на Рашковски на Правниот факултет, која пак ја користела и фирмата „Инвока", како што сведочат професорите на факултетот за медиумите, пронајден е софтверот за прашањата за полагање на испитот за судии и јавни обвинители од Академијата за судии и јавни обвинители.

Лефков го постави прашањето што бараат тестовите со дадени одговори од испитот во канцеларијата на Рашковски, но и што бара приватната фирма „Инвока" во универзитетски кампус.

„Изборот на новите судии и јавни обвинители, кои го положиле испитот, беше проследен со критики во јавноста, особено што имаше поголем број на кандидати кои положиле со 100 поени од можните 100 поени, меѓу кои голем број на синови, ќерки и роднини на високи функционери на власта. Судии и обвинители станаа, Билјана Иванова, сопруга на синот на Цветанка Иванова, Кирил Георгиев, син на врховниот судија Наќе Георгиев, Александра Макаровска Димовска, поранешна вработена во СЈО, внука на Станка Атанасова, поранешна пратеничка од СДСМ од Свети Николе, Гордана Василева, поранешна вработена како соработник во Основниот суд во Струмица, блиска пријателка на генералниот секретар Рашковски, ќерките на обвинителките Лилјана Спасовска и Гордана Смаќоска, синот на заменичката на Катица Јанева, Елизабета Јосифовска и други", наведе пратеникот Лефков.

Тој оцени дека поради тоа и информациите за софтверот со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители во канцеларијата на Рашковски, постои сомнеж врз целиот процес, неговата легитимност и точност и порача дека треба да се испита дали прашања со одоговори им биле давани однапред наодредени кандидати и дали се вршела продажба, тргување со тестовите.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе