На Централен одбор

ЛДП избра нови потпретседатели, ќе „размислуваат различно”

Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на Централниот одбор на Либерално демократската партија, која се одржа денеска во Скопје.

Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислуваме различно, либерално кон Европа".

„Слобода, еднавкост, правда. Ова се принципите на кои е изградена Европа, ова се принципите за кои се залага Либерално демократската партија. Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува”, рече Горан Милевски, претседател на партијата.

Потпретседателите, кои беа едногласно избрани, пред членовите ги презентираа нивните планови и целокупни залагања за партијата и државата.

„Со ‘Размислуваме различно’, сакаме со граѓаните да сме искрени, да ги потенцираме либералните вредности и исто така активно да ги чуеме нивните мислења преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката со цел заеднички да го трасираме патот на државата кон Европа”, изјави новата потпреседателка на ЛДП, Моника Зајкова.

Според Зоран Шапуриќ, старо-нов потпретседател на партијата, секое семејство треба да размислува поинаку, да создава и негува европски вредности, а институциите и компаниите да ја продлабочат соработката од која корист ќе имаат сите граѓани.

На седницата беа присутни петстотини делегати од партијата кои гласаа и дискутираа за понатамошните активности на ЛДП.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе