ЛДП и ДОМ остануваат во владината коалиција, без да ги повикаат своите гласачи кого да поддржат во вториот круг

ЛДП и ДОМ како дел од Движењето „Одлучно за промени“ остануваат во владината коалиција, а по вториот круг од локалните избори најавуваат дека сериозно ќе разговараат за тоа нешто да се смени во начинот на владеење. Претседателите на двете партии, сепак на своите гласачи не им сугерираа јавно кого да поддржат во вториот круг.

„Триесет илјади гласови кои ги добивме во првиот круг на локалните избори не смееме да ги изневериме. Остануваме во владината коалиција, но по вториот круг сериозно ќе разговараме со нашите политички партии да се смени нешто во начинот на владеење. За вториот круг сметаме дека нашите гласачи се доволно интелигентни и не треба да ги насочуваме за кого да го дадат гласот“, изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин на денешната прес-конференција.

Таа информираше дека имале 51 советничка листа и 18 кандидати и кандидатки за градоначалници, а освоиле 25 илјади гласови на советничките листи и плус 9 илјади гласови од листата советничка во Градот Скопје. Според неа, ова значи дека на сите тие 51 листа вкупно имаат над 34 илјади гласови.

„Навистина многу сме задоволни со овој успех и добро е што граѓаните ја препознаа нашата идеја, нашата визија заеднички без разлика на партиска припадност, членство, активисти, експерти да го искористиме сиот потенцијал што го имаме во државата и да обезбедиме поквалитетен и поздрав живот за секој граѓанин“, рече Морачанин.

Во однос на гласањето во вториот круг, таа рече дека тие не располагаат со гласовите на граѓаните, и убедена е дека тие се доволно мудри и во вториот круг масовно ќе излезат и ќе го поддржат кандидатот за кој веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината во позитивен правец.

Исто така, Морачанин ги демантираше шпекулациите дека се во преговори за ново   парламентарно мнозинство и додаде дека сето она што граѓаните им го кажаа и во кампања и пред кампања и на самиот изборниот ден е она што мора понатаму да се преточи во реализација, и да продолжи државата да оди напред по еден прогресивен европски пат.

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски изјави дека добиените 30 илјади гласови не смеат да ги изневерат. Тој на денешната прес-конференција на новинарско прашање дали остануваат во постојното парламентарно мнозинство, рече дека остануваат во владината коалиција, бидејќи според него, Владата има сериозни предизвици во започнување на разговорите со ЕУ, и смета дека е несериозно да се наруши тој пат.

„Според нашите сознанија од нашите партнери од Брисел, очекуваме позитивна одлука и деблокирање на процесот на европските интеграции. Мислам дека нема логика Владата да се нарушува, но повторно ние гласот на граѓаните сериозно ќе го послушаме. Како ЛДП и како ДОМ сериозно ќе разговараме со нашите партнери за продолжување на соработката“, рече Милевски.

Тој додаде дека 30 илјади гласови ги обврзуваат нивниот глас да биде посилен во Владата и да бидат порешителни во некои одлуки кои сметаат дека се погрешни, а во изминатиов период ги премолчеле. Токму затоа, како што рече, дел од нивните гласачи отидоа кај независните листи.

„Нашата цел е да го зголемуваме бројот на гласови како движење, и сакаме да ја вратиме довербата кај оние гласачи кои го сметаме како потенцијално наши. Сите лажни анкети кои ги вадеа големите партии пред избори со цел да го намалат нашиот рејтинг, а чии проценки беа дека оваа Коалиција ќе освои некаде околу 12 илјади гласови, граѓаните ги демантираа. Ние добивме двојно повеќе гласови и станавме партија која навистина има поддршка во центарот од граѓаните, и либералните и зелените политики ќе продолжиме да ги спроведуваме“, рече Милевски.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе