КАКО ДА ПРОДОЛЖИ РАБОТАТА НА СЈО

Лазарова-Трајковска: Јавното обвинителство да преземе сѐ што не е завршено од СЈО, но и обвинителите

Не е спорно дека секој може да покрене постапка пред Уставниот суд на Република Македонија во однос на можноста да се продолжи рокот за покренување на обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство. Но, покренување на постапка со која ќе се спори неуставноста на членот 22 од Законот за СЈО врз основа на споредба со надлежностите и роковите на Јавното обвинителство на Република Македонија не е соодветна, смета Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешна судијка во Уставниот суд и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. 

Дел од правните експерти сметаат дека пред Уставниот суд би требало да се оспори членот 22 како неуставен, бидејќи со него СЈО е ставено во нерамноправна положба во однос на Јавното обвинителство Според нив, за таква варијанта може некој да поднесе иницијатива до Уставниот суд и судот да ја разгледа и со гласање да го прогласи тој член за неуставен.

Но Лазарова-Трајковска има малку поинаков став.

„СЈО е формирано токму поради неефикасноста или поточно нефункционирањето на Јавното обвинителство и поради долгогодишното и нецелисходно развлекување на постапките. Во услови на масовно кршење на човековите права кога ефикасното и брзо завршување на предистражната и истражната постапка се од клучна важност, споредувањето со долгогодишното водење на постапките од страна на јавното обвинителство како „привилегија“ во однос на специјалното обвинителство кое го доведува во понеповолна положба ова второто е несоодветно и не нуди аргументи за противуставност на оваа одредба“, објаснува Лазарова-Трајковска во изјава за МКД.мк.

Таа вели дека во идеални услови, секое продолжување на роковите по правило треба да биде поддржано од договорните страни кои се согласија со консензус да го поддржат СЈО. „Но, бидејќи во овој момент такви услови не постојат, фокусот треба да биде на преструктурирање на Јавното обвинителство на Република Македонија и преземање на она што не е довршено од СЈО. Причина повеќе за тоа е и фактот дека целиот закон за СЈО е граден со концепт функцијата специјален јавен обвинител кој раководи со обвинителството да престане по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност, а јавните обвинители, административниот персонал и истражителите да се упатат на работа во Јавното обвинителство на споредливи позиции со оние кои ги имаат во СЈО“, ни изјави Лазарова-Трајковска.

Таа уште една повтори дека за целосно расветлување на прислушуваните разговори важен елемент е тие да бидат пристапни до оние кои се слушани. Тоа значи дека секоја индивидуа која е прислушувана во опфатениот седумгодишен период да има можност да го добие разговорите и секој да реши во која и каква постапка ќе ги гони оние кои во некои случаи ја нарушиле приватноста, во други навлегле во правото на сопственост или во други права и слободи. 

Инаку, членот 22 од Законот за СЈО, за кој се бара изменување или укинување, гласи: „Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.

Оние експерти кои сметаат дека поднесување иницијатива пред Уставен суд за прогласување на тој член 22 за неуставен, аргументираат дека редовното обвинителство нема рок за предистражна постапка, што значи може да ја тера со години, а потоа, откако Ќе отвори истрага тогаш му течат 18 месеци за да поднесе обвинение, што не е случај и за СЈО.

Ж.П.Б.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе