Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против поголема минимална плата и против стечајците

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидуваат зголемување на опфатот на стечајци кои ќе бидат обештетени од државата. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажуваат дека се против поголема минимална плата и против стечајците, обвини Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата. 

На денешната прес-конференција Лазаревска рече дека по завршување на дискусијата за Законот за минимална плата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ одбиле да го стават предлогот на гласање, за тој да продолжи во понатамошмна расправа.
„ВМРО-ДПМНЕ научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата, овојпат на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните.
Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски.
11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави истото и како опозиција“, изјави Лазаревска.
Според неа, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари и дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работници кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда.
„Деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, додаде Лазаревска.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе