Тој е координатор на ТМРО за овој град и ќе ја добие подршката од неколку вонпарламентарни партии кои ќе застанат здружено зад неговата кандидатура.
На 13 декември се закажани изборите за избор на градоначалник во Штип и Пласница.
Досегашниот градоначалник на Штип Благој Бочварски стана министер, а досегашниот градоначалник на Пласница Исмаил Јахоски стана пратеник.
Неофицијално, како кандидат на СДСМ за Штип се споменува актуелниот пратеник Сашко Николов, а на ВМРО-ДПМНЕ, исто така пратеникот Иван Јорданов. За Пласница сѐ уште не се откриваат можните кандидати.
Следната есен во 2021 година треба да се одржат редовните локални избори.