За грчкиот „Ефимерида тон синдактон“

Лавров: Уставните измени се наметнати со уценување и поткуп на пратеници и вмешаност на странски дипломати

Со уцени и поткуп на пратеници, со директна вмешаност на странски дипломати, беа наметнати уставните измени во Македонија, вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“.

Во интервјуто, како што јавува МИА од Атина, Лавров, говорејќи за ситуацијата на Балканот, ја споменува и Македонија и Договорот од Преспа и вели дека е „очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“.

„Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација во Собранието, на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година. Вреди да се спомене фактот дека ваквото брзање ѝ служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО“, вели Лавров и додава дека за европската интеграција, „консултациите со Брисел, како што говори искуството, може да траат и неколку децении“.

Во однос на регионот, рускиот министер оценува дека ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост, бидејќи НАТО и ЕУ им поставуваат дилема на земјите.

„Упорно ги ставаат земјите пред една погрешна дилема, да бидат или со Москва, или со Вашингтон и Брисел. Таквите постапки водат кон дополнителна дестабилизација на безбедносната архитектура на Европа, ја зголемуваат тензијата, исцртуваат нови линии на поделба“, коментира Лавров.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе