Димитров во Рига

Латвија со непоколеблива поддршка за Македонија да почне преговори со ЕУ

Политиката на проширување претставува најважната алатка на надворешната политика на ЕУ за промовирање на мир, стабилност и просперитет  на европскиот континент, оценил македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров на средбата со министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс во Рига.

Ринкевичс и Димитров, како што соопшти СЕП, се согласиле дека е потребно заокружување на процесот за комплетирање на Европа преку интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, за што Македонија ги исполни сите барања за старт на пристапните преговори со Унијата.

Според Димитров, земјава продолжува одлучно да ги спроведува реформските активности за реализирање на европската агенда, поради што е неопходно новата методологија за пристапни преговори, што воведува построги правила и зајакната условеност во клучните области, да биде операционализирана во евроинтегративниот процес на земјата, преку одржување на првата меѓувладина конференција со Унијата.

„Добивме уверување дека Латвија продолжува да ја поддржува нашата европска иднина со одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, беше споменат и јуни. Јас се обидов да ги посочам сите аргументи и на некој начин да илустрирам зошто токму македонскиот случај ја исправува ЕУ пред тест, не само  за изминатите пропуштени години, туку и заради нашето реформско портфолио, а и лидерство за тешките прашања. И мислам дека ќе биде очигледна стратешка грешка ако оваа година и ние заедно со сите наши соседи и пријатели од ЕУ не прогласиме заеднички успех“, изјавил Димитров.

Ринкевичс, пак ја потврдил латвиската цврста и непоколеблива поддршка на европската перспектива на Македонија, нагласувајќи ја важноста на отпочнување на преговорите со Унијата, што поскоро и изразил надеж дека токму нашата земја ќе биде 28 земја членка на Унијата.

„Северна Македонија постигна неверојатен напредок во процесот. По нашите разговори и информациите што ги добив за напредокот, реформскиот процес и по дискусиите за состојбата на Западен Балкан, можам да го потврдам нашиот цврст и непоколеблив став дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Веруваме дека е време и формално да започне процесот, со првата меѓувладина конференција со ЕУ“, вели Ринкевичс.

Според него, Латвија е подготвена континуирано да ја поддржуванашата држава, како политички, така и практично со разни проекти за соработка.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе