Во изјава за МКД.мк

Ларис Гајзер за „Рекет“: Имам уште информации, за неколку дена ќе ја објавам целата приказна

Како што веќе реков во денешното интервју за Радио Каподистриа, еве ви потврдувам дека и натаму работам на делови од оваа истражувачка приказна за да го склопам мозаикот. Пред да ја објавам целата финална приказна морам да бидам сигурен дека сите сведоци се безбедни, изјави за МКД.мк Ларис Гајзер, италијанскиот новинар на „Ла верита“, медиум во кој деновиве беа објавени неколку текстови и видео снимки за случајот „Рекет“ кои сѐ уште ја брануваат македонската и меѓународната јавност.

„Прво, морам прво да бидам сигурен во сите докази што ги поседувам и да ја завршам приказната. Ова е чисто истражувачко новинарство. Не знам уште колку денови ќе ми требаат, ама можам да кажам - неколку. Но, ако сѐ биде потврдено, ќе биде вознемирувачко и ќе предизвика силни турбуленции. Она што ми е најважно е луѓето да бидат безбедни пред објавувањето. Откако ќе објавам сѐ, ќе бидам подготвен да дадам и дополнителни коментари и податоци“, вели во изјавата за МКД.мк новинарот Гајзер.

По објавувањето на снимките на интернет страницата на италијанскиот весник „Ла верита“ се отворија сериозни сомневања за замешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева во рекетерската мрежа на Бојан Јовановски и бројни македонски бизнисмени, а очигледно со знаење и најверојатно со директна помош на истакнати македонски политичари од власта.

За овие сомневања отворен е случајот „Рекет“ на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кој засега осомничени се само Бојан Јовановски и Зореан Милески-Кичеец. Денеска обајцата добија продолжување за 30 дена на нивниот притвор.

А.Д.    

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе