По денешното решение на претседателот

Лајм: Со изборот на Муслиу за прв човек на АР, Пендаровски ѝ удри „шлаканица” на ДУИ

Именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за силна „шлаканица“ од страна на претседателот Стево Пендаровски за ДУИ, велат партиски извори за весникот Лајм.

Весникот пишува дека Муслиу бил споменуван уште во 2011 година за оваа функција, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш реагираа од ДУИ, оценувајќи го како несоодветен кадар. Муслиу тогаш не стана прв човек на АР.

Во 2011 година ДУИ брифираа дека ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Ерол Муслиу. Тогаш од партијата на Али Ахмети изјавуваа дека на оваа позиција треба да биде именувана личност што има кредибилитет, а не личности како Ерол Муслиу. „Таму треба да биде назначен некој со кредибилитет, а не некој што учествувал во фалсификување досиеја или производство на фалсификувани документи“.

Неофицијално, главен виновник за појавувањето на документите во јавноста за наводното досие на Али Ахмети како соработник на УДБА под името Александар Антиќ, бил токму Муслиу.

Засега нема реакција од ДУИ за ова кадровско решение на претседателот Стево Пендаровски.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе