Документи за изборна измама

„Ла верита“: Заеви бркале од работа и исклучувале од струја цели ромски семејства кои не гласале за СДСМ

Обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови. Социјалдемократите посебно ги таргетирале Ромите. Кој ги следел наредбите за возврат добивал пари или градежен материјал, пишува во второтo продолжение италијанскиот весник „Ла верита“ за скандалот со купување на гласови од страна на претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешен премиер на Македонија.

Новинарот Ларис Кајсер, по вчерашното прво продолжение од најавената серија написи за изборните манипулации во Македонија во 2014 година, пишува дека од материјалите што ги поседува може да се види длабоката вмешаност во овие афери и на македонскиот правосуден систем. Тој тврди дека документацијата што ја поседува ја имало и обвинителството кое досега воопшто не реагирало.

„Постоечката документација во обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека екс-премиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

Од анализираните документи може да се види сценариото според  кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега.

Една од двете менувачници, „Даскал", е во сопственост на Марјан Даскаловски кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ. Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни матетријали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура. Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец-Струмица, Зоран Георгиев.

Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите. Во Македонија Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии.

Тоа што „Ла верита” го објави вчера предизвика итна реакција од екс-премиерот Заев и главниот обвинител за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која прашана од македонските медиуми, изјави јасно дека случајот не го процесуирала пред суд поради немање докази за кривично дело, но не објасни од која причина случајот тогаш не бил затворен веднаш?!

Експлицитниот доказен материјал со кој располага македоснкото обвинителство ја прикажува сликата за една реалност која е надвор од сите нормални и легални политички стандарди.

Во различни делови од разговорите има и дијалози на Вице Заев од кои се гледа дека тој бил во можност да го контролира од близу однесувањето на цели фамилии. Во разговорите братот на Зоран Заев, бара објаснувања од соговорниците за однесувањето на нивните жени и деца кои дејствувале спротивно на интересите на СДСМ. Вице бил лут зошто некои од нив присуствувале на митинзи на соперничките партии.

Постојат аудио снимки во кои Заев, информиран за гласања против СДСМ, побарал казна веднаш да се избрка од работа цела фамилија, една негователка, еден шофер, но и да се исклучат од струја одредени семејства преку локалната компанија за електрична енергија, во сопственост на австриската ЕВН.

Од истите документи се гледа дека целиот систем на купување гласови се базирал на константни уцени кон луѓето, конкретно Ромите како дел од жителите на Струмица.

Осомниченото злосторничко здружение кое било под истрага си ги олеснувало своите крајни цели и преку издавање лични карти по скратена постапка, имајќи ја предвид македонската бирократија, со цел гласачите да можат навремено да ги упатат кон гласачките места.

По ова искуство од минатото (тогаш на власт беа ВМРО-ДПМНЕ), сега следуваат предвремени парламентарни избори во Македонија. Ќе видиме дали македонското обвинителство ќе продолжи со истрагите и како ќе се однесуваат државните институции“, пишува „Ла верита“.

 Видеото што го објавува весникот покажува документи и транскрипции од аудио разговори со уцени, поткуп, закани, отпуштања од работа, исклучувања од водоводна и електрична мрежа, рекет на стопанственици, извршители, нотари...

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе