Битка за вакцини на Балканот

Ла верита: Заев и Филипче сакале да набават кинески вакцини преку фантом-фирма од Хонгконг

Кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцини од страна на македонското државно раководство се случи со Кина, пишува италијанскиот весник Ла верита. Владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Причината за враќање на авансот за вакцините од „Синофарм“, според извори на Ла верита, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом-фирма со седиште во Хонгконг, наведена во сите официјални писма на министерот Филипче.

„Ла верита“ пишува дека поседува две писма од министерот за здравство Венко Филипче, кои уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. „Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот ‘Синофарм’ дури на 25 декември 2020. Во второто писмо од 25 јануари министерот пишува дека и би ја ослободил Кина од каква било можна одговорност од негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонгконг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Дојче банк била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, во Пекинг отворило сомневање дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа довело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина уште од почетокот на пандемијата се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите. Уште еднаш, потенцијалниот обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим“, заклучлува Ла верита.

Премиерот Заев во вчерашното интервју за ТВ Сител кажа дека Владата се обидела да набави од кинеските вакцини по различни канали, дека се направени обиди и за купување на вакцини и преку партнерската компанија на Синоходро, Пауер Чајна, компанија која учествува на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Во написот на „Ла верита“ пишува за битката со вакцини помеѓу Кина и Русија за Балканот. ЕУ е оставена надвор од геополитичката борба со вакцините.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе