Нов скандал

„Ла верита“ со нови документи: Зоран и Вице Заев вмешани во купопродажба на гласови во Македонија

Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на италијанскиот весник „Ла верита“. Тој објавува нови документи за тоа како Зоран и Вице Заев поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини?

За овој случај се водела некаква истрага во обвинителството во Скопје. Имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени од примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.

Авторот на овој текст пишува дека по месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, можеда продолжиме со објавување во три дела  документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.

„Тој за време на парламентарните избори во 2014година, како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев. Доказите за таквите измами ги добивме кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да почне судски процес против осомничените.

Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за организиран криминал, роковите не се застарени, па може да се очекува дека сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот.

Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се на располагање на обвинителството, ќе објавуваме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Податоците од истражните мерки на делото според релевантни индиции водат кон Зоран Заев, кој според едно видео скоро објавено во Македонија токму во тој период  се фалел дека е одбран од Европската Унија за да ја води земјата во иднина, а тоа ја потврдува нашата теза, недемантирана ниту од засегнатиот, дека лидерот на социјалистите отсекогаш знаел за нелегалните активности на неговите соработници.

Фактот што во 2014 година македонското обвинителство отворило истрага за Заев, ја зголемува одговорноста на Могерини, екс-претседателот на Европската Комисија  Јункер, и на администрацијата на Обама, бидејќи го одбрале Заев како нивен човек од доверба.

Тоа што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, според аналитичарите би можело да значи и дека имало паралелен договор помеѓу тогашниот премиер Груевски и марионетата на Могерини, Зоран Заев.

Со оглед на тоа што Груевски, преку неговиот братучед и доверлив шеф на тајните служби Сашо Мијалков, имал достап до секоја информација, реално е да се помисли дека ги знаел и сите детали за истрагата која што ние ја анализираме.

На парламентарните избори вo 2014 не победи СДСМ, но во секој случај тој изборен циклус го одбележа почетокот на институционалната криза која и ден денес е присутна во Македонија.

Без разлика на ветувањата за принципиелна оставка во случај на пораз, Заев остана на неговото место изјавувајќи дека не ги признава изборните резултати и дека сака да го бојкотира новиот парламент.

Од тогаш почна тешкото контрирање кон премиерот Груевски и отворената поддршка за Заев од страна на одредени западни тајни служби, Могерини и Сорос, кои го снабдија претседателот на СДСМ со снимени разговори кои го отсликаа непотистичкиот систем на тогашниот премиер.

Исто така Заев имаше и финансиска поддршка се до неговото доаѓање на власт благодарение на криминалната употреба на снимените разговори предадени на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Новата институција се создаде по барање на Могерини за да се легализираат снимените разговори што ги доби Заев. Институцијата СЈО беше доверена на личност која врз база на доказите претходно објавени од наша страна сега се наоѓа на суд.

Во изминатиов период во Македонија немаше темелна обвинителска истрага поврзана со документацијата анализирана од наша страна, ниту пак имаше неселективен судски процес, базиран на владеењето на правото, кој би ги расветлил начините на владеење и криминалните шеми кои постојат во земјата.

Наша желба е документите што ги поседуваме да ја активираат работата на обвинителските институции во Македонија, и како што подвлече новиот унгарски комесар за проширување Оливер Вархејли за време на посетата на Скопје минатата недела, да помогнат на обвинителите да докажат дека се способни да го променат своето делување пред крајот на март. Комесарот се надева дека дотогаш македонскиот парламент ќе може конечно да подготви закон за Јавно обвинителство доближувајќи го до стандардите на владеењето на правото на западните земји. Тоа би бил вистински чекор напред за влез во Европската Унија, еден ден.

Во видеото што го објавува Ла Верита се гледаат делови од материјали поврзани со купување гласови на граѓани“, пишува весникот Ла верита.

 

 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе