Случај „Рекет“

„Ла верита“ и трето продолжение, Боки тредичи до Орце: Утре се гледам со него, со Зоки

Во третото продолжение од видео и аудио снимките кои италијанскиот весник „Ла верита“ ги објавува за случајот „Рекет“ се слуша како Бојан Јовановски, Јордан Камчев и, како што вели италијанскиот новинар Катица Јанева, кои очигледно се веќе во постојана комунукација, добро се разбираат во однос на тоа како треба да оди постапката во случајот „Империја“ во кој Камчев е еден од првосомничените.

Од разговорот се слуша дека, најевројатно специјалната обвинителка Катица Јанева на Камчев му вели дека Лиле Стефанова, обвинителката која го води случајот „Империја“, е под нејзина контрола.

„Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо“, му вели веројатно специјалната обвинителка Катица Јанева на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев. Бојан Јовановски вели дека Камчев се плаши од Стефанова, ама потоа добро се разбираат дека во април обвинителството мора да има некакви активности за овој случај, па затоа биле повикани некои сведоци, за што Камчев изразил одредена загриженост. Ама по разговорот со Јанева се разбираат дека станува збор за техничко прашање, за шминка.

Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му „замачка“ очи.

Боки 13, освен што бил во координација со првиот човек на СЈО, Катица Јанева, тој исто така бил во координација за случајот „Рекет“ и со премиерот на Македонија, Зоран Заев, објавува италијанскиот весник „Ла Верита“.

Еве дел од разговорите:

БЈ: Утре се глеам со него

ЈК: Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки.

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев.

„Фрапирана сум како моите постапки како специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот Рекет“, се обрати до јавноста специјалната обвинителка Катица Јанева по второто продолжение од објавувањето на видео снимките од тоа како Бојан Јовановски прима пари од бизнисменот Јордан Камчев за да му помогне во заташкувањето на случајот „Империја“ на СЈО. Јовановски, заедно со Зоран Милески - Кичеец од 15 јули се во 20-дневен притвор и се осомничени за изнуда, за перење пари и за тргување со влијание за осомничени во „Империја“.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе