Сенката на УЧК зад купопродажбата на гласовите

„Ла верита“: Груевски и Заев си разменуваат услуги

Во третото продолжение од серијата написи за изборните измами на Зоран Заев за време на изборите во 2014 година, новинарот Ларис Кајсер од италијанскиот весник „Ла верита“ ги открива наводните контакти на тогашниот претседател на СДСМ со поранешните припадници на паравојската УЧК. Кајсер пишува дека од документите што ги поседува се гледа како Заев во шемата за придобивање гласови по секоја цена соработувал и со Захир Беќири-Чауш и Изаир Самиу-Баци. Ова било дел од планот СДСМ да придобие што повеќе гласови на македонските Албанци, независно од односите со ДУИ и ДПА.

Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на екс-паравојниците од УЧК кои исто така стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители почнаа со истраги во 2014-та година, пишува Кајсер.

„Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири, викан Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екс-командантот на УЧК, Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Беќири Чауш, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста. Неговото влијание почнува да опаѓа кога полицијата во 2016-та година кај него дома пронашла околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти.

Според тоа што стои во нашите документи, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи, наспроти лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, кои се плашеле од командант Баци.

Заев и Беќири

Командантот на УЧК бил дел од албанскиот бунт во 2001 година во Македонија и од страна на американската администрација е сметан за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на американската црна листа, содржана во National Emergency Act. Ова е листа составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења.

Евентуалното барање политичка помош на екс-премиерот од луѓе обвинети за тероризам би требало сега да предизвика продлабочување на истрагата од страна на надлежните институции.

Во меѓувреме Зоран Заев реагираше на нашите објавувања подвлекувајќи дека претходната влада на Никола Груевски, доколку истрагите утврделе незаконитости, веднаш ќе го искористела тоа. Со неговата изјава тој сам себе се побива бидејќи дури не се ни обидува да прикаже дека во Македонија има поделба на власта, помеѓу судската и политичката, а токму скриениот паралелен договор помеѓу Груевски и Заев се базира на македонската политичка шаховска табла, со нејзината константна нестабилност.

Никола Груевски уште во 2014 година почна да добива бројни сигнали од меѓународната заедница дека не е посакуван како премиер во иднина, додека пак Заев тогаш почнуваше да се фали дека ја има поддршката од Европската Унија, од САД и од Обама. Додека Заев знаеше дека за неговото доаѓање на власт ќе добие се што е потребно од европските сојузници, со цел да ги смени Уставот и името, Груевски за да си го гарантира спасот почнува со собирање информации со потенцијал да му наштетат на противникот.

Видеото од 2015 година од средбата кога Заев го информира Груевски дека има компромитирачки материјали докажува дека Груевски многу добро се подготвил за евентуалната уцена.

Неговото бегство, непопречено од ниту една институција, со кое го остави  македонскиот народ осамен против уцените и притисоците што ги објавивме минатото лето (случајот „Рекет“ – нз.з), е само епилог на една типична размена на услуги кои доколку се сака да се избегнат, државата ќе мора итно да воспостави функционален и независен правен систем. Прв и витален услов за иднината на државата во Европа“, пишува „Ла верита“.

 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе