Случај „Рекет“

„Ла верита“: ЕУ и Могерини беа главните спонзори на СЈО, а сега молчат!

Се надеваме дека сега македонскиот народ конечно може да добие вистинска поддршка од странските престолнини, кои досегa водеа политика од сенка. „Могерини, кажи нешто", пишува во денешниот напис италијанскиот новинар Ларис Гајзер, кој досега објави три видео и аудио снимки за случајот „Рекет".

Еве што во денешниот напис пишува Гајзер:

„Текстовите во 'Ла верита' со аудио и видео материјалите за активностите околу рекетирањето што изминативе години се случувале во Македонија со знаење на Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес. Нашата редакција, и јас, секојдневно бевме преплавени од илјадници пораки на поддршка и благодарност. Речиси и да немаше порака со критика или закана што вообичаено ги добиваме за вакви случаи.

На нашата интернет-страница, рубриката за надворешна политика брзо надмина над еден милион посети. Можеме да кажеме дека 'Ла верита' на македонските граѓани им направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои познати ситуации и враќајќи ја довербата на еден народ сведен на постојана изолација од ЕУ, која изгледа го осудила во остварувањето на својот план за ограничување на суверенитетот на земјата.

Македонците се еден горд народ, разочаран од корупцијата, и уште повеќе патат кога ситуацијата, дури и кога е тоа само индиректно, е поддржана од ЕУ. Треба да се напомене дека токму Жан Клод Јункер (поранешниот претседател на Европската комисија) и Федерика Могерини (шефицата на европската дипломатија) силно инсистираа за основање на една таква институција - специјално обвинителство. Токму затоа, сензационалните откритија на нашиот весник предизвикаа и внатрешни и надворешни тензии.

Внатрешно, опозицијата предводена од Х. Мицкоски тврди дека 'Ла верита' на македонската јавност ѝ ги покажа доказите за една огромен политички и судски октопод, што премиерот Зоран Заев треба да го земе предвид и да поднесе оставка. Тој (З.З.), засега целата случка ја коментира само преку фејсбук-пост каде што вели дека ликовите го злоупотребиле неговото име.

Од затворот во кој се наоѓа токму поради случајот „Рекет" за кој ги објавивме снимките, Боки 13 му одговорил, преку еден српски весник, дека доколку се посегне по неговиот живот, доказите за вмешаноста на Заев се наоѓаат кај мајка му.

Од меѓународна гледна точка пак, освен фактот што нашите вести беа преземени од бројни медиуми, меѓу кои и оние од Германија, Албанија, Србија и Словенија, прва реагираше Франција. Нејзиниот амбасадор во Македонија изјави дека македонските власти треба да дадат јасни одговори за скандалот откриен од нас, пред Брисел да почне да го анализира приближувањето на Македонија кон ЕУ.

И токму Унијата, за која уште пред неколку години сметавме дека треба да се преиспита, преку Могерини стана главен спонзор на СЈО и на многу други меѓународни трауми нанесени на Македонија. Од ЕУ стигна најпоразувачката порака - тотален молк.

Без разлика на летните одмори, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 се во делегацијата во Скопје, не успеаја да поднесат ниту еден извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите.

Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин. Толку јасен што и на европратеничката Дорис Пак ѝ станало јасно дека нешто не чини. Таа, како искусен европарламентарец задолжена за проширувањето на Балканот и без дилеми една од најмоќните политички фигури во ЦДУ и во Германија, актуелна претставничка на ЕПП, вчера на социјалните мрежи објави силен апел. Дорис Пак бара итна реакција на службите на Унијата, прашувајќи како може Могерини да молчи пред криминалната реалност објавена со третото видео на сајтот на 'Ла верита'.

Во 2015 година токму ЕУ инсистираше да се основа СЈО, а токму тоа му нанесе голема штета на македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ, задолжително би требало да одговорат, особено на оние од македонската администрација, кои изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите. Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на правната изводливост за можно  објавување на друг аудио материјал“.  

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе