СДСМ

Кузеска: Времето на неказнивост, на привилегирани над законот, заврши

Правдата е тука и е еднаква за сите. Пресудата против обвинетите во предметот „Тврдина – Таргет” е потврда дека е судството е ослободено, дека е крај на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка, потврда дека правосудниот систем, како независна власт , ги има сите услови да води истрага и процеси без влијанија, без притисоци,  да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво. Во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Изречената прва пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ го правеле со години е правда за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани во тие години, само затоа што не мислеле и не делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ, биле на нивниот список на неподобни.

Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, а кој се уште од поединци, се одржува жив во Белата палата.

Очекуваме и сите други случаи и предмети, коишто се покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.

Пресудата за случајот „Таргет – Тврдина“ ги потопи лагите на ВМРО ДПМНЕ и на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски.

Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ и сите обиди тоа да го направи му се поразени. Мицкоски е поразен од правдата, поразен од граѓаните.

Времето на заробена држава од поединци, само за свое лично богатење, заврши. И тоа е најголемиот пораз на ВМРО ДПМНЕ. 

Да се создадат услови за чист пат за правдата не беше лесно, но сега конечно правдата е тука и јавноста уште ќе биде сведок на спроведување правда еднакво за секој“, рече Кузеска.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе