Кузеска: Потонаа во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација

Во францускиот предлог кој што, како што вети, Владата јавно го објави, клучно за нас е дека се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, оценуваат во СДСМ.

„Потонати се во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Таква работа ниту имало ниту ќе има. И не може да има со чист македонски јазик во ЕУ.

Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече таа на прес-конференција, кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

„Тоа Мицкоски ниту го имал ниту ќе го има. Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести. Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега. Со тоа само се потврдува дека Мицкоски нема државнички капацитет, ниту пак има интерес за конструктивен дијалог, туку тој сака единствено да го наметне својот недржавнички став. 

Сѐ што Мицкоски прави и на домашен и на надворешен план е предизвикување штета врз државните интереси и позиции“, рече Кузеска. 

Таа уште кажа дека „заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција, а деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика.

„Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство за отпочнување на преговорите со ЕУ, а прифати Резолуција на Европската народна партија со бугарските барања’, додаде Кузеска и ги повика сите општествени чинители, сите политички партии, да продолжат со својот придонес, да се вклучат во консултациите за заедно да се донесе одлуката.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе