Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Обвинителството да се зафати со наводите за закани и рекет од Мицкоски

„Јавноста слушна сведоштва на бизнисмени и на актуелни градоначалници како Христијан Мицкоски се заканувал и вршел притисоци за одредени тендери во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Шемата е иста како нанеговиот ментор Никола Груевски и неговиот 11-годишен режим чиј дел беше и самиот Мицкоски. Ова се сериозни обвинувања за сериозна вмешаност на Мицкоски во незаконско постапување. Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи овие наводи“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека е тоа особено важно по последната пресуда за Талир 2 и докажаните шеми на криминално функционирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и поради  случајот со плацевите на Водно, каде меѓу другото, и Груевски доби пресуда - седум години затвор и конфискување на тајниот имот

„Важно е да се испита дали такви криминални шеми постојат и сега под раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да излезе од криминалната и режимска матрица, оваа партија знае само за одбрана на криминал, за закани и уцени. ВМРО-ДПМНЕ е иста и како власт и како опозиција работи на штета на интересите на граѓаните и државата“, рече Кузеска.

На новинарско прашање поврзано со досетката на албанскиот премиер Еди Рама за премиерот Димитар Ковачевски („иден премиер на западна Бугарија“) и смеењето на Ковачевски, Кузеска рече:

„Залудно ВМРО-ДПМНЕ извртува иронични изјави на премиерот на Република Албанија Еди Рама, за што и од неговиот кабинет кажаа дека коментарот е всушност сарказам насочен кон блокадата на Бугарија за интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе