Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Мицкоски да даде оставка поради признанијата за „Титаник“ и расипништвото на градоначалниците

Не би го коментирала предметот „Рекет“ бидејќи нема судска пресуда, но што се однесува до „Титаник“, има пресуди и признанија на вина на поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за фалсификување на волјата на граѓаните и таа партија треба да се позанимава со Христијан Мицкоски како тогашен советник на Никола Груевски и партиски генерален секретар, а самиот да си даде оставка, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Таа рече дека над милион евра во само четири општини потрошиле негови сопартијци за партиски вработувања.

„Градоначалниците од оваа партија не само што ништо не работат, туку расипнички ги трошат парите на граѓаните. Само четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава, во време на најголема криза ќе потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања. Наместо за конкретни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ аздисуваат со парите, ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања", рече Кузеска.

Таа оцени дека во расипништвото на парите од граѓаните предничи градоначалничката Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања.

„Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното", рече порпаролката и додаде дека по Арсовска следува Бобан Стефковски кој за истата цел, како што нагласи, од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари, додека Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000, а Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра од буџетот на Ѓорче Петров.

Еден милион евра се сериозни средства со кои може да се реализираат десетици проекти или конкретно да им се помогне на одредени категории граѓани во време на криза, рече Кузеска и нагласи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски молчи и дека не собрал храброст ниту јавно да ги повика сопартијците да прекинат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Потоа Кузеска порача дека Владата предводена од СДСМ континуирано презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството и ги спомна антикризните мерки вредни 400 милиони евра, дека се стабилизирани цените на храната и горивата, а и дека граѓаните се финансиски поддржани во време на криза. Портпаролката на СДСМ ја спомена и минималната плата, растот на пензиите, субвенционирањето на струјата за граѓаните, како и дека сите институции се задолжени со мерки за штедење.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе