Приштина

Курти сака заеднички седници на владите на Косово, Македонија и Црна Гора

Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и ја најави можноста за одржување заеднички седници со владите на Македонија и Црна Гора, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објавата на својата страница на Фејсбук, Курти, кој учествува на Самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.

„Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори – ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и Северна Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив“, напиша Курти.

Новиот косовски премиер потсети дека вчера се навршиле три недели од изгласувањето на неговиот кабинет и изрази задоволство што на самитот на ЕБОР имал можност да говори за приоритетите на Владата која ја води, како и за односите со Србија и реципроцитетот кој има намера да го воведе во однос на таа соседна држава.

„Драго ми е што на овој ден имав можност да говорам за значењето на инвестициите за економијата, претприемништвото на нашите млади посебно во информативната технологија, инфраструктурата што поврзува и овозможува развој, односите со Србија и принципот на реципроцитет итн. Вработувањето, од една, и европските интеграции и зачленувањето во НАТО, од друга страна, се нашите приоритети како нова Влада на Косово“, истакна Курти.

МИА

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе