Курти не одговори за екстрадицијата на обвинетите од „Монструм“: Има потреба и од меѓународна помош

Премиерот на Косово, Албин Курти, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев денеска немаше одговор на прашањето дали и кога Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, и двајцата обвинети во случајот „Монструм“. Кажа само дека министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат и за ова прашање.

Одговарајќи на новинарско прашање, Курти дообјасни дека неговата Влада од минатото наследила „трагични случаи и тешки предмети, кои имале засебни и тешки процеси“.

„Но, има и други предмети, кои што според мое убедување не се разјаснети до крај и за кои сѐ уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината“, изјави Курти.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе