Австрискиот канцелар

Курц: Македонија сега има шанси да се приклучи кон ЕУ

Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц рече дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ.

На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, Курц додаде дека Виена им честита на Скопје и на Атина за решавање на спорот за името и се надева дека тоа ќе придонесе за понатамошно приближување меѓу Западен Балкан и ЕУ.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе