Курц: Македонија не може сама во борбата со бегалската криза, проблемот е во Грција

Членките на Европската Унија немаат капацитет да примат толку голем број на бегалци како во 2015-та година, изјави во Сараево министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц.

„Македонија не може сама да се справи со товарот на големиот прилив на бегалци, при што клуч на проблемот во целата ситуација е Грција. Сите држави кои се погодени од мигрантската криза треба да соработуваат. Ако проблемот не се стави под контрола, тогаш би можело да дојде и до дестабилизација на западен Балкан“, рече австрискиот министер и додаде дека бегалската криза е проблем за сите држави членки на ЕУ и дека тие мора да делуваат заеднички со западниот Балкан за да го спречат неконтролираниот прилив на економските мигранти.

„Мораме да го ограничиме приливот на бегалците. Минатата година во Австрија примивме 90 илјади бегалци, а оваа година не можеме да го сториме истото. Благодарни сме на соработката со земјите како што е Македонија, но за жал од страна на Грција немаше поголемо поместување“, рекол Курц

Тој истакнал дека нереално е да се очекува дека Македонија може сама да се носи со еден толку голем проблем.

Според него Грција е клуч на проблемот, бидејќи бегалците таму можат да бидат безбедни, а властите во Атина само ги префрлуваат во другите членки на ЕУ.

„Германија, Австрија и Шведска не можат бесконечно да примаат бегалци. Мора да ја сопреме неконтролираната миграција“, рекол Курц.

Целта, појаснил тој, е да ѝ се олесни на Македонија, бидејќи во спротивно проблемите би можеле да го зафатат целиот западен Балкан.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе