Кумуцакос во Вашингтон: Од Договорот од Преспа корист има само Северна Македонија

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Неа демократиа, Јоргос Кумуцакос, во Вашингтон имал низа средби со високи американски функционери и освен за билатералните односи и состојбата во регионот, на овие средби се зборувало и за Договорот од Преспа.

Кумуцакос, како што јавува МИА од Атина, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.

Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил позицијата на Неа демократиа дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

„За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Неа демократиа, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата“, рекол Кумуцакос.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе