Во Грчкиот парламент

Кумуцакос: Владата бараше аргументи кои се во корист на другата страна

Земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана, рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нeа демократиа, Јоргос Кумуцакос на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата, јавува дописникот на МИА од Атина.

Кумуцакос кажал дека Неа демократиа го отфрла договореното затоа што не прифаќа „лоши договори“. Тој упатил и обвинувања до Владата дека барала аргументи што се во корист „не на Грција, туку на другата страна“.

“Ви даваме аргументи, постоечки аргументи дека не е признат македонскиот јазик од Грција во модерниот облик на македонското прашање, а вие барате, наоѓате, многу сте детални во тоа да најдете аргументи што се во прилог на другата страна. Ова никогаш се нема случено. Никогаш се нема случено министер за надворешни работи и Влада да бараат аргументи што се во корист на другата, а не на нашата страна“, рекол Кумуцакос во однос на признавањето на македонскиот јазик.

Надлежниот за надворешна политика во опозициската Неа демократиа го сподели неговото искуство кога како дипломат добивал упатства од Министерството за надворешни работи, секогаш кога ќе ја видел придавката македонско/а/и поврзано за Репубика Македонија, да реагира и да се обиде да го промени тоа.

„Ова беа упатствата. Сега никој дипломат, што има водено битки за овие прашања согласно со упатствата, не може да ја прифати вашата отстапка“, рече Кумуцакос.

Тој кажал дека постигнатиот договор, впрочем е истиот оној за Илинденска Македонија, но само со сменет наслов.

„Овој договор во целина е истиот договор што ја материјализира содржината на името Илинденска Македонија. Го сменивте насловот, но го оставивте останатото. Овој договор беше готов, прилагоден на името Илинденска Македонија, најиредентистичкото име во историјата на преговорите. Не успеавте со тоа име и само го сменивте насловот, но се друго му служи на најиредентистичкото име во 30-те години од преговорите“, коментирал Кумуцакос од собраниската говорница.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе