„Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку премиерот на Република Бугарија Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот вицепремиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота“, бара градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
Тој деновиве реагираше и на интервјуто на премиерот Заев, како и потоа на изјавите на Каракачанов и категорично изјави дека Куманово во 1944 година било ослободено од македонските партизани.
„Куманово го ослободија Седумнаесетата и Осумнаесетата македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили“, изјави Димитриевски.