Серес

Културното здружение „Кирил и Методиј“ во Грција на суд

Македонците од Ираклеа, Серско, основале културно здружение „Кирил и Методиј“ и веднаш по регистрацијата добиле покана за на суд, каде што сега треба да докажуваат дека имаат право да формираат такво здружение.

За да го избегнат поимот „македонски јазик“, Македонците од Ираклеа (Долна Џумаја) во регистрацијата напишале дека здружението меѓу другото ќе се грижи и за јазикот што го зборува автохтоното население.

Според грчките медиуми, Пан-хеленистичката федерација на културните асоцијации на Македонците поднела тужба, во која се вели дека членовите на здружението „Кирил и Методиј“ се сепаратисти и дека јазикот на домородното, автохтоно население не се разликува од грчкиот јазик. За нив, рекле тие, таму нема друго автохтоно население освен грчките Македонци.

Членовите на здружението „Кирил и Методиј“ велат дека не случајно ја избрале таа формулација (јазикот на автохтоното население) за да се избегне употребата на поимот македонски јазик и да се избегне репризата при регистрацијата на Домот на македонската култура во Лерин пред 30 години.

Се чека одлуката на судот.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе