КСС до премиерот: Зголемете им ги платите на административците, а не да им велите дека се корумпирани

Почитуван премиер, корупцијата во највисоките ешалони на власта постои, а тоа го покажуваат бројни извештаи меѓу кои извештаите на Транспаренси интернешнл и на Стејт департментот, па што и да речете, на кого и да ја префрлате вината, вашата влада, заедно со министерствата и државните органи се оние кои се корумпирани, се вели во реакцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на изјавата на Зоран Заев дека корупцијата не постои во високите ешалони на власта и дека единствено корумпирани се административните службеници.

„Премиерот упорно манипулира со јавноста, но воедно и со административните службеници кои што оваа власт ги става под големи притисоци, а со цел истите да бидат осудувани од самата јавност дека се корумпирани.

Самата корупција потекнува од избраниците на премиерот кои пак вршат политички притисок врз вработените во јавниот сектор. Корупцијата никогаш не може да се случува од доле па нагоре, туку обратно, бидејќи јавните набавки и тендерите се во рацете на функционерите кои се избрани од  Владата.

Немојте вработените во администрацијата да ги ставате во неповолна ситуација за вие да се извлечете, бидејќи тоа нема да ви помине. Впрочем, многу пати во минатото сме кажувале дека од 120.000 вработени во јавниот сектор, 58.000 вработени државни службеници земаат плата од 15.000 до 17.000 денари, сума со која не можат ни да ги покријат основните трошоци за живот, со оглед на тоа дека имаме поскапување на најголемиот дел од производите потребни да преживееме.

Наместо да кажувате дека административните службеници се корумпирани, зголемете им ги платите и конечно направете дигитализација на администрацијата и престанете да вршите притисоци врз нив преку вакви изјави.

Доколку продолжите вака да ги обвинувате административните службеници, наскоро ќе се соочите со нивниот револт кој верувајте нема воопшто добро да се одрази на функционирањето на системот во државата“, се вели во реакцијата на Конфедерацијата на слободните синдикати.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе