Кaсами нема да оди на лидерската кај Ахмети

Лидерот на движењето Беса Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод годиншнината од потпишување на Рамковниот договор.

Во соопштението на ова партија се вели дека тие се за воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

„Движењето Беса уште еднаш го потврдува својот принципиелен став да воспостави еден модел кој ќе воведе правила дека средбата на албанскте парламентарни парти ќе се реализира после формирање на новата владата, за албанските парламентарни партии во владата да се обврзат со одговорности за реализација на прашањата со голем интерес за Албанците. Исто така, пред завршување на мандатот на албанските политички парти во владата, тие да дадат отчет за реализација на прашањата за кои заеднички се договарале“, велат од Беса.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе