Собрание

Кризната состојба на јужната и северната граница продолжена за шест месеци

Собранието на Република Македонија одлучи до 30 јуни следната година да продолжи кризната состојба на подрачјата на јужната граница и северната граница на Република Македонија. Одлуката е донесена со 68 гласа „за“ и 5 „воздржани“.

Кризната состојба се продолжува на предлог на Владата  поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија, образложи заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на расправата во тек на 65. седница на  Парламентот.

Првата одлука за кризна состојба на двете граници беше донесена во август 2015 година за период од еден месец, по што во пет наврати беше продолжена. Дел од пратениците во текот на расправата побараа да се отвори дискусија како Македонија во иднина ќе го менаџира овој процес со оглед на намалениот обем на мигранти, а во контекст и на тоа дека е непотребен ангажманот на АРМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев рече дека ќе ја поддржат одлуката, но побара трајно решение за менаџирање на состојбата. 

„Ако се земе предвид дека потенцијалот на кризата ќе биде минимум уште 10-15 години вака ли ќе го менаџираме овој проблем. Да размислиме за потрајно решение“, рече Димитриев.

Со неговото излагање се согласува и пратеникот Павле Богоевски од СДСМ, кој се изјасни дека ќе гласа „воздржано“ затоа што и покрај укажувањата за намалениот обем на мигранти не се прави преформулација на одлуката со образложение на постоење ризик.

Собранието, во рамки на 65. седница усвои и одлуки за испраќање 12 припадници на Армијата на Република Македонија во Командата за обука, советување и асистирање – Север, во Авганистан, во наредните шест месеци, како и еден припадник припадник на АРМ на позиција штабен офицер во Команда на ЕУФОР „АЛТЕА“ од следниот месец до јули следната година.

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе