Пред Владата

Кренато знамето на НАТО

Знамето на НАТО беше кренато денеска на свечена церемонија пред зградата на Владата, откако земјите членки на овој сојуз, преку своите амбасадори во Алијансата, минатата среда го потпишаа во Брисел пристапниот Протокол за нашата земја.

На церемонијата пред присутните гости, македонски официјални претставници, поранешни премиери, претставници од штабот на НАТО во земјава, амбасадори од земјите членки во овој сојуз, говори премиерот Зоран Заев.

Церемонијата започна со интонирање на македонската химна, а со интонирање на химната на НАТО, знамето на Алијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.

„Ова е нова страница во нашата историја, а најголемата заслуга е на граѓаните кои храбро исчекоривте и ја побаравте иднината што ја заслужуваме“, рече Заев во обраќањето.

Тој за денешниот ден им се заблагодари и на сите претходни претседатели на државата, на пратениците, на АРМ, на новинарите за поддршката, на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои преговараа за Договорот кој го отвори патот на Македонија кон евроатлантските интеграции. Заев му се заблагодари и на грчкиот премиер Алексис Ципрас за неговата одлучност и пријателство.

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината,  не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја. Денес со сигурност кажуваме дека нашата татковина е на вистински пат кон прогресот и непречен развој. Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа“, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел, рече премиерот.

Според него, иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земавме во свои раце и ја одредивме иднината.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе