„Однапред се знае кој ќе биде наследник на Заев. На Заев му треба човек кој што ќе продолжи да го брише Вице од кривични пријави кога е жив фатен и пријавен во рекетирање на фирми. Му треба човек кој ќе продолжи да ги штити Драги Рашковски и Ден Дончев. Заев на чело на СДСМ ќе постави човек кој ќе молчи за нерасветлените провизии на Филипче. Заев ќе продолжи да ја контролира СДСМ и затоа само за неколку дена ќе избираат кандидати. Со наводното заминување не може да прикаже друга реалност. Народот е сиромашен.
Пет години неговите структури прават криминал, не само тој лично туку и целиот тим луѓе околу него се виновни за неодговорноста и трагедиите со загубени човечки животи, за инфлацијата и намалениот стандард, за повисоките сметки за струја на фирмите, за кризата која им се заканува на граѓаните и воопшто за нефункционирањето на системот, затоа што целиот систем работеше за мафијата, а не за народот.
Не е доволно Заев да не биде премиер и претседател на СДСМ, потребни се предвремени избори и нова влада за работите да почнат суштински да се менуваат“, рече Ковачки.