ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Заев си оди, заевизмот останува, ќе се избира заштитник на криминалот на Заеви

Синоќа СДСМ приреди театар, со кој зад завесите се избира маша и продолжена рака на Заев. Заев си оди, т.н. заевизам останува, СДСМ нема да избере лидер, туку заштитник на криминалот на Заеви и продолжување на заевизмот. На Заев му треба човек преку кој ќе продолжи т.н. заевизам и ќе ги штити бизнисите на семејството Заеви. СДСМ не избира, Заев избира. Тој веќе им одбрал кандидат кој што членовите на таа партија треба само да го изгласаат, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

„Однапред се знае кој ќе биде наследник на Заев. На Заев му треба човек кој што ќе продолжи да го брише Вице од кривични пријави кога е жив фатен и пријавен во рекетирање на фирми. Му треба човек кој ќе продолжи да ги штити Драги Рашковски и Ден Дончев. Заев на чело на СДСМ ќе постави човек кој ќе молчи за нерасветлените провизии на Филипче. Заев ќе продолжи да ја контролира СДСМ и затоа само за неколку дена ќе избираат кандидати. Со наводното заминување не може да прикаже друга реалност. Народот е сиромашен.

Пет години неговите структури прават криминал, не само тој лично туку и целиот тим луѓе околу него се виновни за неодговорноста и трагедиите со загубени човечки животи, за инфлацијата и намалениот стандард, за повисоките сметки за струја на фирмите, за кризата која им се заканува на граѓаните и воопшто за нефункционирањето на системот, затоа што целиот систем работеше за мафијата, а не за народот.

Не е доволно Заев да не биде премиер и претседател на СДСМ, потребни се предвремени избори и нова влада за работите да почнат суштински да се менуваат“, рече Ковачки.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе