„Зоран Заев ја заглави државата во систематска криза - енергетска, здравствена и економска. Зоран Заев и владата се причината за сите неуспеси кои нѝ се случуваат изминативе години, и тие не може да бидат решение. Од ковид-19 починаа над 7.000 луѓе, имаме најголема смртност во Европа, 14 луѓе живи изгореа, вакцини немавме, над 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, Македонија е на врвот на листата по перцепција за корупција на Транспаренси. Државата тоне со СДСМ“, рече Ковачки и оцени дека народот на локалните избори се изјаснил за промени, давајќи ѝ поддршка на ВМРО-ДПММНЕ
Според него, изразената волја на народот најдобро ќе се ефектуира со нова прераспределба на силите во Собранието, преку нови предвремени избори и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачки наведе дека се потребни брзи избори бидејќи земјата е во енергетска, економска и во здравствена, како и со цел да се забрза евроинтеграцискиот процес.