Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Судот да постапи со одземање на деловната способност на премиерот

„Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловна способност на дезертерот Димитар Ковачевски. Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност и, со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл.40 од Законот за вонпарнична постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловна способност е итна“, побара од прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Тој рече дека дијагнозата која Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, дека тогаш таа може само да прогресира.

„Бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не. Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него трајно постои неспособност или пак, тој лажел пред АРМ за да не служи војска. Во таков случај, треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ, за да избегне да ѝ служи на државата“, рече Ковачки и нагласи дека одговорност мора да има.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе