Ковачки: Не може да менувате Устав без да го прашате народот

Не може да менувате Устав без да ги консултирате граѓаните. Ако се убедени, нека повелат на избори, да ги соочиме аргументите и фактите и народот нека си каже. Тоа што тие сега го прават со квази мнозинство со вметнување на партии се добива само проблем со легитимитетот на таа власт, изјави за „Што не е јасно" пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ; Драган Ковачки.

Ковачки потенцира дека власта постојано го повторува прашањето за уставот затоа што нема што да понуди пред граѓаните, по економија сме на дното, а народот живее помизерно.

„Власта постојано го повторува прашањето за уставни измени затоа што и нема што друго да кажат. Нека излезат и нека кажат зошто Македонија до 2020 до 2022 има пад и единствени сме во регионот што имаме пад во економија, зошто 63% од фирмите кажуваат дека треба да дадат мито за да добијат тендери, зошто граѓаните сметаат дека државата сметаат дека се движи во погрешна насока, дека животниот стандард им е полош,“ рече тој.

Ковачки посочи дека власта со ова сега само бара начин и креира сценарија да се оправда, како и да го оправда неуспехот за неотпочнување на преговори.

„Македонската влада барајќи начин за да се оправаат за неуспехот за отпочнување на преговори, а сите знаеме дека тие може да почнат со почитување на Копенхашките критериуми, зборувам и за тек и з завршување. Не може да ги лажете македонските граѓани, да се смени уставот и ќе почне пари да доаѓаат, во криминална држава не може некој да ви дава пари од надвор. Нивните граѓани на тие држави плаќаат даноци, зошто би ни овозможиле кога има корумпирана и најкриминална влада,“ вели Ковачки.

Ковачки посочи дека Европа не сака земји кои немаат владеење на правото, поврзани лица со власта не се апсат, а други поврзани со опозиција се оцрнуваат, законите важат за поединци, и земја која има политички затвореници во 21 век.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе