Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: НАТО проверката доказ дека власта партизирано издавала безбедносни сертификати

Со неодговарањето на поставените прашања, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат, но на сите им е јасно дека проблемот за враќањето на двајцата кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта која по партиска подобност издавала безбедносни сертификати, изјави на денешната прес-конференција Драган Ковачки, член на раководсвото на ВМРО-ДПМНЕ.

„И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте, НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа. Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции", рече Ковачки.

Како што нагласи, постои огромен сомнеж, а последните два примера се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не. Ќе потсетам на примерот кога за само пет дена му издадоа сертификат за пристап до Државна тајна на новинар близок до ставовите на СДСМ.

„Од друга страна, лица кои ги исполнуваат условите за добивање на безбедносни сертификати во Република Македонија, се подложни на одбивање, само затоа што се политички неподобни. Значи, процесот на ветинг, односно безбедносна проверка, наместо да биде во функција на државата и спроведуван од институции предводени од професионалци, се користи за партиска пресметка со неистомислениците и неподобните. Од почит кон тие лица, нема да изнесуваме имиња", рече Ковачки.

Очигледно е, според Ковачки, дека и покрај дебаклот со нејзините номинации, Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедност и од неа побара да поднесе оставка.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе