Ковачки: Наркобосови кои добиле македонски пасош од властите се возеле со службени возила

Во вечерашното издание на емисија „Филибастер“ на Радио Лидер гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој се осврна на лошите владини политики, како и за лошата ситуација во однос на безбедносниот систем во Република Македонија.

Ковачки потенцираше дека случајот со издавањето пасоши на наркобосови и криминалци е страшен и е показател за тоа колку е нестабилен и нефункционален безбедносниот систем во Република Македонија. Тој додаде дека после ваков случај, оставката на Спасовски и Заев треба да биде неминовна, односно веќе мораше да се случи.

Ковачки вели дека пасошот е документ кој може да го поседува граѓанин кој најпрво уставно го заслужува пасошот, а потоа и го заслужува истиот. Според последните случувања со доделување на 200 пасоши на наркобосови и мафијаши од цела Европа и светот, само се докажува дека Република Македонија е урнисана од сите страни и безбедносната ситуација во земјата е ничкосана, односно ништо повеќе не може да ја изненади македонската јавност во однос на безбедноста, истакна Ковачки.

„Според информациите, дознавме дека неколку од овие матни луѓе кои ги добиле македонските пасоши, се возеле со службени државни возила во придружба на високи државни функционери. Замислете, луѓе кои убивале луѓе и криумчареле дрога и оружје, одеднаш крадат идентитети на македонски граѓани и функционираат низ светот. Тоа е еднакво на предавство, бидејќи така можат да настрадаат недолжни македонски граѓани“, истакна Ковачки.

„Спасовски е должен да излезе и јасно да каже како стојат работите, наместо повторно гледајќи во земја да бара можност како да избега од одговорност. Наместо да ги бараат грешките во сите други и во опозицијата, треба да погледнат во својот двор и да видат дали треба да водат држава или мафија. За жал, се потврдува она дека во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата има своја држава“, заврши Ковачки.

Аферата со пасошите ја коментираше во вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој истакна дека постои револт кај граѓаните на Република Македонија бидејќи СДСМ издала пасоши на над 200 нарко босови и мафијаши за кои постојат потерници.

„Во 2018-та година сите балкански медиуми дознаваат за српскиот нарко бос дека во Македонија добил патна исправа. Се работи за господинот Јован Вукотиќ. Кој има добиено патна исправа како Андонов Ѓорѓи. Сите дознаваат, власта дознава и започнува како некоја божем "истрага". Ако навистина е започната истрага, тогаш како може дел од пратениците на СДСМ да се среќаваат со некои од тие криминалци. Зошто вашиот кандидат за пратеник Мунир Колашинац има слика со нарко босот Седат Пекир тогаш. Велат започната е истрага, а тој човек Колашинац сега е пратеник во Собранието. Платен од граѓаните на Република Македонија. На сликата е и Енес Ибрахим колаициониот партнер на СДСМ. Сликани со нарко бос за кој има десетици потерници“, истакна Нелоски.

Според Нелоски, постои нелогичност да се повикуваат на распит шалтерски работници, а да не се повикаат пратениците кои биле во директен контакт со мафијашите и за тоа постојат фотографии.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе