Ковачевски за себе вели дека е предводник на концептот за европска Македонија

Jaс сум предводник на конпцептот за европска Македонија кој значи заштита на македонската традиција и идентитет и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Прилеп.

„Државата денеска има два концепти, едниот концепт на чие чело сум јас, тоа е концептот за Европска Македонија. Тоа е концет кој значи европска иднина, со кренати глави, заштитен македонски јазик, заштитен идентитет, да седиме на големата маса во Брисел, рамноправни. Што се потврди сега и со договорот со Фронтекс кој наскоро треба да го потпишеме. И јас го делам чувството на нашиот народ и ми беше тешко во разговорите и тоа го кажав како некој да ве сече со нож во стомакот. Но, на крајот на денот мора да се донесе одлука, да се обезбеди европска иднина. И тоа се очекува од некој што го води својот народ. Другиот концепт е оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој концепт ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ. Имаме многу јасна разлика. Знам дека патот до ЕУ ќе биде тежок но ние сме подготвени и вредни. До 2030 година можеме да станеме членки на ЕУ. На тој пат предизвици ќе има но граѓаните ќе бидат горди, со крената глава и побогати од тоа што се денеска. Тоа е тоа за што јас се залагам. Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, со подобар живот, со подобар, европски животен стандард“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека СДСМ е чувар на македонската традиција и предводник на македонската европска иднина.

„Тоа е вистинскиот патриотизам денеска! Ние сме чувари на македонската традиција и носители, предводници на македонската европска иднина. Денеска сите ние сме на вистинската страна, тоа е страната на напредокот, на развојот и интеграцијата“, рече Ковачевски.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе