Ковачевски во Софија за справување со енергетската криза

Делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Софија поврзана со енергетската криза. Работната посета на Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика, како што информираа од владината прес-служба, е за справување со последиците од светската енергетска криза.

Ковачевски во Софија заминува од Белград, каде ја предводеше владината делегација на Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан на Белградскиот саем“ во рамки на Самитот на иницијативата ОБ, каде беше најавена соработка со цел обезбедување доволни количини струја за стопанството и граѓаните во регионот.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера изјави дека сериозно се подготвуваат за посетата на премиерот Ковачевски на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Милков во интервју за БНР оцени дека односите меѓу двете држави имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Македонија.

„Се очекува да се разговара за широк спектар прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања. Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност“, изјави Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.

Од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера информираа дека ќе бидат вклучени во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе